Несреќа на патот Прилеп – Росоман, патот блокиран
04/11/2025 20:38
Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа на новиот пат од Дреново кон Прилеп.
Очевидци на социјалните мрежи пренесуваат дека местото на несреќата е целосно блокирано и дека на терен има голем број возила заглавени во сообраќајниот метеж. Екипи на Противпожарната единица и полицијата се присутни на локацијата и работат на расчистување на патот.
Од МВР информираат дека
Сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.
Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот.





