Променливо облачно време со локални врнежи — викендот носи обилни дождови
06/11/2025 8:35
Вечерва дожд во северните делови, а од утре следува период со чести врнежи и поголеми количини на дожд низ целата земја.
☁️ Прогноза за денес:
Променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и преку ноќта во северните делови се очекуваат локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб променлив ветер, а температурите ќе се движат:
-
Минимална: од 4 до 9 °C
-
Максимална: од 11 до 17 °C
🌦️ Времето во Скопје:
Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време, со повремен дожд во вечерните часови.
Ќе дува слаб северен ветер, а температурите ќе изнесуваат:
-
Минимална: околу 7 °C
-
Максимална: до 15 °C
🌧️ Прогноза за наредните денови:
Под влијание на влажни воздушни бранови, од среда вечер до понеделник следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
На некои места дождот ќе биде поројен и обилен, со над 30 литри на квадратен метар во текот на 24 часа.
Граѓаните се советуваат да внимаваат на можни поплавувања на пониските делови и зголемено ниво на реките.




