MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Шест жртви во четири дена – поразителен биланс на сообраќајните несреќи во Македонија

07/11/2025 11:14

Само во првите четири дена од месец ноември, во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Според податоците, од почетокот на годинава заклучно со октомври, регистрирани се 115 жртви, додека во текот на минатата година бројот изнесувал 142.

Овие бројки не се само статистика – тоа се животи на синови, мајки, сопрузи и деца. Некои деца остануваат без родители, а некои родители без своите најмили. Овој поразителен биланс не е резултат на природни катастрофи или воени конфликти, туку на нашата култура и однесување во сообраќајот.

„Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење,“ порачуваат од Министерството за внатрешни работи.


⚠️ Најчести причини за трагичните несреќи:

  • Непочитување на сообраќајните правила;

  • Користење на мобилен телефон при возење;

  • Возење со брзина поголема од дозволената;

  • Возење под дејство на алкохол.


📢 Апел до граѓаните:

Оставете го мобилниот телефон додека управувате со возило, не возете со брзина поголема од дозволената и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол.
Почитувајте ги сообраќајните правила и не го ставајте во ризик вашиот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Посебен апел се упатува и до родителите – да не им дозволуваат на своите деца да управуваат со превозни средства без обука и дозвола, бидејќи сообраќајната култура се гради од најмала возраст.


🚓 Контроли и превенција:

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со засилени контроли на терен, но истакна дека вистинската промена зависи од секој поединец.

„Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата, туку пред сè од совесноста на секој возач. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома,“ стои во пораката.

error: Содржината е заштитена од копирање !!