MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајна несреќа во штипската населба Сењак, двајца со мопед бегале од полицијата и удриле во автомобил

08/11/2025 13:28

Во штипската населба Сењак Ноќеска се случи сообраќајна незгода во која учествувале две лица на мопед, потврдуваат првичните информации од терен.

Инцидентот настанал откако полициски службеници се обиделе да ги сопрат лицата, но тие се дале во бегство, изгубиле контрола и се судриле во патничко возило.

На местото на несреќата веднаш пристигнала полицијата, која спроведува увид за целосно расчистување на околностите на настанот.

Засега не е познато дали има повредени лица, а полицијата продолжува со истрагата за да утврди како дошло до сообраќајката и причините за бегството на возачите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!