MKinformer

your daily dose of news

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Во струшко девојка киднапирана, тепана, па силувана

08/11/2025 17:14

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против 26-годишен маж од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение дека сторил „грабнување“ и „полов напад и силување“, како и против 18-годишен жител на селото Отишани, осомничен за „грабнување“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември 2025 година околу 19 часот, осомничените во едно село во дебарскиот регион насилно ја внеле 30-годишната оштетена жена во патничко возило „Ауди“, управувано од 18-годишниот.

Потоа, тие се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде, според пријавата, врз жената бил извршен физички и полов напад.

По нападот, оштетената паднала во бессознание, по што осомничените ја однеле во Општата болница во Струга.

Полицијата брзо реагирала, ги пронашла и лишила од слобода двете лица, а против нив е поднесена соодветна кривична пријава.

Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!