MKinformer

your daily dose of news

Кривична пријава за полов напад и уцена врз малолетно девојче од Липково

10/01/2026 20:18

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од селото Слупчане, Општина Липково, поради сомнение за сторени кривични дела „полов напад и силување“ и „уцена“, како и против Ќ.М. (28) од истото село, осомничен за кривично дело „полов напад и силување“.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Н.А. спротивно на јасно изразената волја извршил полови дејствија врз малолетно девојче на подрачјето на Општина Липково, при што ја принудил на полови дејствија и со вториот осомничен, Ќ.М.

По настанот, Н.А. ѝ се заканувал на малолетничката дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати сума од 20.000 евра. Под притисок и страв, девојчето било принудено да зема пари од домот без знаење на родителите, како и да позајмува од други лица, по што во повеќе наврати му ги предавала парите на осомничениот.

Од МВР апелираат медиумите и јавноста да покажат високо ниво на одговорност, етичност и внимателност при известувањето за овој случај, со цел заштита на идентитетот и достоинството на малолетната жртва, како и да се користат исклучиво официјални информации во интерес на истрагата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!