Со палка сакала да дели правда во социјално во Кратово-Жителка на Кратово се обидела да нападне социјален работник
10/11/2025 14:31
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според пријавата, на 3 октомври 2025 година, во просториите на Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице, а при тоа упатувала и вербални закани кон други вработени додека тие ги извршувале своите работни задачи.
По интервенцијата на полицијата, лицето било приведено, а против неа е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
⚖️ Правна квалификација:
Според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, делото „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ се санкционира со затворска казна или парична казна, зависно од тежината на делото и околностите.






