65 годишна жена прегазена од млад возач
12/11/2025 16:21
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Скопје, 65-годишна жена е тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „Мицубиши“.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 13:10 часот на крстосницата меѓу улицата „Јани Лукровски“ и една сервисна улица во Скопје.
Возилото „Мицубиши“ со скопски регистарски таблички било управувано од 24-годишниот Ј.П. од Скопје, кој со својот автомобил удрил во пешакот – С.Т. (65), исто така од Скопје.
Од ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.



![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)


