MKinformer

your daily dose of news

Паркирано комбе само тргнало и удрило во девојка кај булевар „Србија“, таа е тешко повредена

24/05/2026 8:11

Тешко е повредена 25-годишна девојка откако во неа удрило товарно возило што било паркирано, а потоа само се придвижило на кружен тек во Скопје.

Според информациите, на 23 мај 2026 година околу 10:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата кај кружниот тек меѓу улиците „Христо Татарчев“, „Марко Орешковиќ“ и булеварот „Србија“ се случила сообраќајна незгода.

Во незгодата учествувало товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно било паркирано од М.Р. (34) од Скопје. Според пријавата, возилото само тргнало и удрило во пешакот И.К. (25) од Скопје.

Од ударот, девојката се здобила со тешки телесни повреди. Повредите ѝ биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат соодветни мерки за утврдување на причините за несреќата, по што ќе следуваат и соодветни поднесоци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!