(Видео)Почна изградбата на нова детска градинка во Гази Баба – Мицкоски: „Ветеното мора да се реализира“
17/11/2025 14:11
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Владата продолжува со реализација на сите започнати и ветени проекти, при поставувањето на камен-темелникот за новата детска градинка во реонот кај салонот „Мерцедес“, спроти Универзитетот ФОН.
Мицкоски му честиташе на градоначалникот на Гази Баба за, како што рече, брзо и ефикасно спроведената јавна набавка и изборот на изведувачот. Тој изрази очекување дека градинката ќе биде изградена во предвидениот рок.
„Како Влада ќе продолжиме да финансираме проекти кои носат додадена вредност за граѓаните. Таму каде што има потреба од вакви објекти – веднаш реагираме. Се радувам што уште многу деца ќе ги користат услугите на овие институции,“ нагласи Мицкоски.
Премиерот им честиташе и на советниците, општинската администрација и пратениците од Гази Баба, истакнувајќи дека тие силно се залагаат за секој проект што значи подобар живот за граѓаните.






