MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време до крајот на неделата: од недела студен воздух и снег на планините

20/11/2025 13:49

До крајот на неделата времето ќе остане променливо облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, утре и во сабота на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално се очекува и невреме со засилен ветер и грмежи.

Од недела, со продор на постудена воздушна маса, на повисоките планини дождот ќе преминува во врнежи од снег, особено во попладневните и вечерните часови.

УХМР најавува дека во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат, па се можни услови за појава на слаб мраз во некои места.

Времето во Скопје

Во Скопје до недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Во сабота на одделни локации во котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност за ретки грмежи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!