MKinformer

your daily dose of news

Невреме со дожд, снег и силен ветер во наредните денови

06/01/2026 15:27

Под влијание на изразена циклонска активност, во наредните денови во Македонија се очекува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег, информираат од УХМР.

Утре врнежите ќе бидат пообилни, при што на одделни места се очекуваат над 25 литри на квадратен метар, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Истовремено ќе дува засилен јужен ветер, кој локално ќе надмине 60 километри на час.

Во четврток, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, дождот ќе преминува во снег на повисоките, но и на дел од пониските места. На планините, особено во западните делови од земјата, се очекува формирање нова снежна покривка, додека помала снежна покривка е можна и во некои котлини.

Во петок ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, но веќе за време на викендот, особено во сабота, повторно се најавуваат локални врнежи од дожд и снег, кои на одредени места може да бидат и пообилни. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Во Скопје, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Во четврток, во повисоките делови од Скопската Котлина, дождот ќе преминува во снег, а мешани врнежи од дожд и снег се најавуваат и во сабота.

error: Содржината е заштитена од копирање !!