(Видео) Среќна вест! МАЛИОТ ДАМЈАН ГО ЗАЅВОНИ „ПОБЕДНИЧКОТО ЅВОНЧЕ“ ја победи тешката болест
22/11/2025 13:18
На Клиниката за детски болести во Скопје повторно одекна звукот што сите го посакуваат, „победничкото ѕвонче“, кое го симболизира крајот на долгата и тешка битка со сериозна болест. Овојпат, херојот што го заѕвони ѕвончето е малиот Дамјан, кој по упорна, болна и храбра борба, конечно излезе како победник.
Од Клиниката соопштија дека Дамјан ја завршил терапијата и ја добил својата најважна животна победа благодарение на неверојатната сила, храброст и истрајност што ги покажал во текот на лекувањето. Медицинскиот тим му упати искрени честитки, истакнувајќи дека неговата борба е инспирација и за персоналот и за сите пациенти кои се соочуваат со слични предизвици.
Наставниците и лекарите велат дека секое ѕвонење на победничкото ѕвонче носи нова надеж и потсетник дека заедно, пациентите, семејствата и здравствените работници, можат да ги надминат и најтешките моменти.
Редакцијата на МК ИНФОРМЕР, на Дамјан му посакува ДОЛГ И ЗДРАВ ЖИВОТ






