MKinformer

your daily dose of news

Полицијата санкционира опасно возење под дејство на алкохол во ШТИП, КОЧАНИ, ПРИЛЕП И КРИВА ПАЛАНКА

22/11/2025 13:43

Полицијата во текот на 21 и 22 ноември лиши од слобода четворица возачи од Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, кои биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во два случаи, алкохолизираните возачи предизвикале и сообраќајни незгоди.

Во Штип, на улицата „Гоце Делчев“, полициските службеници привеле 37-годишен штипјанец, кој управувал „голф“ со речиси два промили алкохол во крвта (1,94). Возачот бил запрен при рутинска контрола.

Во Кочани, на улицата „Никола Карев“, бил лишен од слобода 20-годишен жител на село Прибачево. Тој претходно учествувал во сообраќајна незгода со возило „фиат“, а тестирањето покажало дека има 1,58 промили алкохол во крвта.

Во Прилеп, на улицата „Прилепски Бранители“, полицијата привела 21-годишен возач на „опел“, кај кого биле утврдени високи 2,79 промили алкохол.

Во Крива Паланка, пак, бил приведен 29-годишен возач на „бмв“ кој исто така учествувал во сообраќајка. Алкотестот покажал присуство од 2,06 промили алкохол.

Сите случаи се целосно документираат, по што ќе бидат поднесени пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик „Безобѕирно управување со моторно возило“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!