Добра вест: Познато кога ќе почне исплатата за МојДДВ
24/11/2025 10:18
Граѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ ќе го добијат повратот на данокот за третиот квартал од годинава најдоцна до крајот на ноември, соопшти Министерството за финансии.
Станува збор за средствата собрани од скенираните сметки во периодот јули–септември, кои, согласно правилата на системот, се исплаќаат 60 дена по завршување на кварталот.
Од Министерството појаснуваат дека системот функционира редовно и без застој, а најчестите причини за одложена исплата се поврзани со неточни или неажурирани податоци за трансакциската сметка во Управата за јавни приходи.
Граѓаните кои смениле банка или број на сметка се потсетуваат навреме да ги ажурираат податоците во својот кориснички профил, со цел да се избегне враќање на средствата или привремена блокада на уплатата.





