MKinformer

your daily dose of news

Еве кога ќе им легнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните

14/05/2026 21:26

Управата за јавни приходи соопшти дека почнала исплатата на средствата од „МојДДВ“ за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од 2026 година.

Од УЈП информираат дека исплатата ќе се врши етапно, согласно обработката на налозите. Тоа значи дека парите нема да им легнат на сите корисници во ист ден, туку постепено во наредниот период.

Според најавата, средства ќе добијат 528.447 корисници. За оваа намена ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари.

Од Управата посочуваат дека кај дел од корисниците има проблеми со податоците за трансакциските сметки. Поради тоа, исплатата засега не може да се реализира.

„Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира сè додека податоците не се коригираат“, соопштија од УЈП.

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари. Тие средства ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.

Од УЈП апелираат до граѓаните кои сè уште немаат добиено средства да ги проверат податоците за трансакциската сметка во апликацијата „МојДДВ“.

„Со точни податоци, исплатата ќе може непречено да се реализира“, додаваат од Управата за јавни приходи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!