MKinformer

your daily dose of news

Тетово: Се скарале за сообраќај, па го избодел со нож!

28/11/2025 22:36

МВР информира дека 20-годишен жител на тетовското село Пирок ќе одговара кривично поради напад со нож врз свој врсник, по претходна расправија во сообраќајот.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на А.К. (20) од Тетово“, соопштија од Министерството.

Повредениот бил пренесен на лекарски преглед, додека напаѓачот е приведен и против него е покрената соодветна постапка. Полицијата продолжува со расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!