15-годишник тешко повреден со остар предмет во училиште во Ченто, врсник е приведен
12/05/2026 16:45
Петнаесетгодишно момче се бори за живот откако било повредено со остар предмет во основно училиште во населбата Ченто.
Според информациите, за нападот е осомничен негов врсник, кој веќе е приведен од полицијата.
Директорот на Ургентниот центар, д-р Игор Мерџаноски, за весникот „Вечер“ потврдил дека повреденото дете е оперирано и се наоѓа во критична состојба.
Од МВР информираат дека вчера во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.
Според полицијата, постапено било по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека малолетникот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на друг 15-годишен ученик.
Предметот бил одземен, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




![ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ, ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО НОЖ: Си седеле во кафич во Ченто, ги нападнале без никаква причина, родителите преплашени за своите деца policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)

