MKinformer

your daily dose of news

Облачно и студено време со дожд и снег – силен северозападен ветер и пообилни врнежи на исток

28/11/2025 10:51

Денешниот ден ќе помине под облачна и студена временска состојба, проследена со повремени врнежи од дожд, кои во источниот дел од земјата ќе бидат значително пообилни (над 35 l/m²), информира УХМР. На планинските предели ќе врне снег, а на повисоките места се очекува мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и повремено засилен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат меѓу 1 и 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во дожд и снег. Северниот ветер ќе биде умерен, местимично и засилен. Утринската температура ќе се спушти до 2°C, а дневната ќе достигне околу 5°C.

Утре на планините и повисоките места се очекува слаб снег, додека од недела следи стабилизирање на времето со многу ниски утрински, но повисоки дневни температури. Во некои котлини ќе се јави магла, што ќе го задржи студот низ денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!