Не ни иде памет: За само четири дена 2.450 прекршоци – 454 за пребрзо возење, 15 уапсени
28/11/2025 12:02
Во периодот од 24 до 27 ноември, полициските службеници низ целата земја спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што беа издадени вкупно 2.450 платни налози. Според податоците на МВР, дури 454 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење.
Полицијата уапсила 15 лица поради безобѕирно управување со возило согласно член 297-а од Кривичниот законик – 13 од нив биле затекнати како возат под дејство на алкохол, а двојца со брзина многу над дозволената надвор од населено место.
Контролите покажуваат и голем број други прекршоци:
-
811 казни за непрописно паркирање,
-
265 за управување без возачка дозвола,
-
9 за минување на црвено светло,
-
33 санкции за прекршоци на пешаци,
-
15 за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 132 возачи кои не користеле сигурносен појас, 89 кои зборувале на мобилен телефон за време на возење, 65 нерегистрирани возила и 44 технички неисправни возила. Изречени се и 17 мерки за нелегално затемнети стакла.
Од МВР порачуваат дека засилените контроли продолжуваат и понатаму, со апел сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за поголема безбедност на патиштата.




