MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Малку непријатно: Еди Рама го одмина Биљал Касами, јавноста бурно реагира

29/11/2025 22:18

Неудобен момент за тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, Биљал Касами, беше забележан на официјалниот прием во Валона по повод Денот на албанското знаме и одбележувањето на 113 години независност на Албанија.

На видео што брзо се рашири на социјалните мрежи, се гледа како премиерот Еди Рама се поздравува со гостите, меѓу кои и министерот Фатмир Лимани. Но во моментот кога се очекуваше да му подаде рака и на Касами, Рама видливо го заобиколува и продолжува понатаму, оставајќи впечаток дека намерно го игнорира.

Сцената предизвика бројни реакции. Дел од коментаторите сметаат дека потегот е резултат на затегнатите односи меѓу Рама и косовскиот премиер Аљбин Курти, со кого Касами има блиски политички релации. Други пак веруваат дека станува збор за недоразбирање и дека Рама можеби не го забележал во гужвата.

Настанот и понатаму е тема на остри дебати, а од ниту една страна засега нема официјална изјава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!