Утрово со минусни температури низ државата: најстудено во Скопје-Петровец
30/11/2025 11:39
Студеното утро ја зафати земјава, а најниската температура е измерена на Скопје-Петровец, каде термометрите во 8:30 часот покажале –2 степени. Во Штип, Струмица, Крушево и Маврово биле регистрирани –1 степен, додека нулата ја измериле станиците во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес и Демир Капија. Во Виница и Берово утринските температури се искачиле до еден степен, а најтопло било во Гевгелија со пет степени.
Во изминатите 24 часа минимални врнежи од дожд се забележани во Маврово и на Попова Шапка, каде наврнал еден литар на метар квадратен.
Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северозападен ветер. Максималните температури ќе се движат меѓу 7 и 13 степени.
Во Скопје се очекува слична состојба, променлива облачност со сончеви интервали и дневен максимум до 9 степени.






