MKinformer

your daily dose of news

Вечерва ќе се знае кој креативен средношколец ќе добие 1 милион денари

30/11/2025 14:08

Големото финале на натпреварот „Средношколец Милионер“ се одржува денеска во просториите на Brainster NEXT колеџот, каде десет средношколски тимови ќе ги презентираат своите бизнис-концепти пред пет реални инвеститори. Учениците ќе се натпреваруваат со идеи кои нудат современи и применливи решенија, од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики и фриленс можности за младите.

Според организаторите, финалистите ќе бидат оценувани според неколку клучни критериуми: јасно дефиниран проблем, практично и применливо решение, изводлив и исплатлив бизнис модел, како и целосната подготвеност на тимовите да ја реализираат својата идеја.

„Овој натпревар покажува дека новата генерација размислува практично, технички и пазарно. Тие не создаваат идеи само на хартија, туку функционални концепти што може веднаш да се применат. Горди сме на успехот што го постигнаа сите учесници“, велат организаторите.

Во финалето учествуваат четири тимови од скопските средни училишта, три од Битола, два од Велес и еден тим од Куманово. Победничкиот тим ќе ја освои главната награда од 1.000.000 денари и можност својата идеја да ја претвори во вистински бизнис.

error: Содржината е заштитена од копирање !!