MKinformer

your daily dose of news

Уапсени струмичани кои украле 160 вреќи компир

30/11/2025 10:30

Четири лица од Струмица се сомничи дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември украле 160 вреќи компир од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на жител од селото Горна Речица, информираа од СВР Струмица.

Полициските службеници веднаш презеле мерки и ги лишиле од слобода Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), сите од Струмица. Во службените простории бил повикан и И.А. (38), кој исто така се сомничи дека учествувал во кражбата.

Од полицијата соопштија дека четворицата во службен разговор го признале делото. Од Ј.А. и М.А. биле одземени сите 160 вреќи компир, кои потоа биле вратени на сопственикот.

Со случајот е запознаен јавниот обвинител од ОЈО Струмица. По целосно документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!