МВР воведува нови патролни возила со 360° камери, казните ќе стигаат автоматски како од фиксните камери
02/12/2025 8:22
Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе ги пушти во употреба новите патролни возила опремени со современа опрема за следење и санкционирање сообраќајни прекршоци. Белите „Форд Фокус“ автомобили, кои располагаат со 360 степени камери, интегриран радарски систем и напреден софтвер кој во реално време ги препознава и документира прекршоците.
Новите патролни возила ќе мерат брзина, ќе санкционираат непрописно паркирани автомобили и ќе казнуваат возачи кои не им даваат предност на пешаците. Тие ќе патролираат претежно на улици каде нема поставено фиксни камери, а системот автоматски ќе ги испраќа казните на е-пошта до прекршителите.
„Конечно ќе има ред и на споредните улици“, велат извори запознаени со проектот, кои очекуваат значително подобрување на сообраќајната дисциплина.




