MKinformer

your daily dose of news

Уапсен возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

02/12/2025 8:54

Во првиот ден од декември, околу полноќ, во СВР Куманово била пријавена сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булевар „Октомвриска Револуција“, улица „Иво Лола Рибар“ и улица „Ѓорче Петров“. Во несреќата учествувале две возила „фолксваген поло“, едното со кумановски, а другото со штипски регистарски таблички.

Според информациите, кумановецот Н.Т. (22) го управувал возилото под дејство на алкохол, при што биле измерени 1,21 промил алкохол во неговата крв. Во судирот тешки телесни повреди добил 48-годишниот Д.К. од Штип, кои биле констатирани во Општата болница во Куманово.

По насока на јавен обвинител, Н.Т. е лишен од слобода, а увид на местото извршила екипа на СВР Куманово. Од полицијата информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!