MKinformer

your daily dose of news

Возач без дозвола предизвикал сообраќајна несреќа со повредени

04/02/2026 15:31

На 3 февруари 2026 година околу 10:55 часот, во СВР Куманово е пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај селото Љубодраг.

Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А. (47) од Љубодраг и патничко возило „шкода“, управувано од Б.С. (51) од Куманово. Возачот на „шкодата“ се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди биле пренесени и неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од село Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.

При извршениот увид, полициската екипа утврдила дека возачот на возилото „шкода“ го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на истиот ден, полицијата евидентирала и повеќе случаи на управување возила и покрај изречена забрана. На улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле возило „мицубиши“, управувано од Љ.С. (49) од Битола, при што било утврдено дека има активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Слични прекршоци биле регистрирани и во Кичево, каде полицијата запрела две возила – „фиат“ управуван од Ѓ.Г. (26) од село Белчишта и „сеат леон“ управуван од А.М. (42) од село Лазоровци. Кај двајцата било утврдено дека управувале возило и покрај изречени забрани, при што кај едниот возач имало дури две активни мерки.

По насоки на јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Се вели во полицискиот Билтен

error: Содржината е заштитена од копирање !!