Обвинет во случајот „Пулс“ терал „бизнис“ во затвор – во ќелија пронајдени 13 телефони и лаптоп
02/12/2025 11:58
На денешното рочиште за случајот поврзан со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, судијката Дијана Груевска Илиевска издаде опомена за обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија, откако во неговата затворска ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и лаптоп – сериозно прекршување на правилата за издржување казна.
Судијката нагласи дека доколку ситуацијата се повтори, Камбери ќе биде сместен во самица.
Обвинетиот се бранеше дека уредите не се негови и дека ги затекнал во келијата по пристигнувањето.
На рочиштето се очекува сите обвинети да се произнесат дали се чувствуваат виновни за обвиненијата кои им се ставаат на товар.


