MKinformer

your daily dose of news

Целото раководство на СДСМ поднесе оставки – Филипче најавува ново поглавје и кадровско освежување

03/12/2025 10:53

Раководството на СДСМ и членовите на Извршниот одбор вечерва колективно поднесоа оставки на предлог на лидерот на партијата, Венко Филипче, соопштија од партијата. Оставки поднеле заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари и сите членови на ИО.

Од СДСМ наведуваат дека оставките се поднесени до Централниот одбор и до лидерот на партијата.
Во соопштението се вели:
„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување… нова сила и нова енергија на СДСМ.”

Филипче на една од следните седници на Централниот одбор ќе предложи нови членови за органите на партијата, а од СДСМ велат дека за позициите ќе бидат избрани најкомпетентни кадри.

Овој потег се оценува како обид за внатрешна мобилизација и структурно зајакнување на партијата во период кога се очекуваат значајни политички процеси.

error: Содржината е заштитена од копирање !!