MKinformer

your daily dose of news

Панел дискусија во Скопје: „Одговорноста почнува со мене“

08/12/2025 12:07

Во Скопје во четврток ќе се одржи панел дискусија посветена на одговорното сопствеништво на домашни миленици, на која ќе учествуваат експерти, претставници на невладини организации и институции што работат во оваа област.

Настанот ќе се реализира под мотото „Одговорноста почнува со мене“, а фокусот на дискусијата ќе биде влијанието на одговорното сопствеништво врз благосостојбата на милениците, но и врз пошироката заедница.

На панелот ќе се отвори прашањето за европската законска рамка за одговорно сопствеништво и одгледување домашни миленици, како и предизвиците со кои се соочува нејзината практична имплементација во земјава. Посебно внимание ќе биде посветено и на последиците од неодговорното сопствеништво и проблемите кои произлегуваат од него.

„Панелот ќе овозможи размена на идеи, добри практики, директна вклученост во дискусиите и градење нови партнерства“, велат од Македонската асоцијација на стилисти за миленици и од Здружението на граѓани „Откритие“, кои се организатори на настанот.

Панел дискусијата ќе се одржи во просториите на „Јавна соба“ со почеток во 18:30 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!