MKinformer

your daily dose of news

Православните верници денес го празнуваат посниот Свети Ѓорѓија – победникот над злото и заштитникот на верниците

09/12/2025 10:12

Православните верници денес го одбележуваат посниот празник посветен на Свети великомаченик Ѓорѓија – ден кој се празнува како семејна слава, именден, но и како заштитнички празник на многу населени места. Стариот тропар вели: „Како ослободител на заробените и заштитник на сиромашните… моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“, потсетувајќи на неговата улога како небесен заштитник.

Свети Ѓорѓија се прославил со својата непоколеблива борба против злото, издржувајќи тешки мачења заради верата. Токму поради неговата храброст, Црквата го нарекува Победоносец. На иконите е прикажан како војвода на коњ што со копје прободува ламја – симболична претстава која произлегува од христијанската легенда за избавувањето на народот од страшното чудовиште. Светецот бил официјално признат во 494 година.

Во Македонија постојат бројни цркви посветени на Свети Ѓорѓија, а една од најзначајните е црквата кај селото Курбиново, на падините на Пелистер. Според запишаниот натпис, таа е живописана во 1191 година. Курбиновскиот живопис, заедно со оној во Свети Пантелејмон – Скопје, се смета за врвно уметничко достигнување од Комненскиот период и претставува бисер на македонската духовна и културна традиција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!