MKinformer

your daily dose of news

Напад во живо за време на емисија: Упад во „Инфомакс“ нападнати во живо за време на емисија

11/12/2025 9:05

Главниот и одговорен уредник на интернет порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, соопшти дека непознато лице насилно влегло во просториите на редакцијата, кои воедно се во дворот на негов дом. Според информациите што ги објави на социјалните мрежи, инцидентот вклучувал насилен упад и физички напад врз него, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски

Сè е снимено, и нападот и упадот и насилството“, објави Митовски на Фејсбук, истакнувајќи дека целиот настан е целосно документиран со видео-снимки.

Уредникот информираше дека полицијата реагирала брзо по пријавата и веднаш дошла на лице место. За мотивите, Митовски нападнатосто лице го опиша како „партиска будала“, најавувајќи дека случајот ќе биде истеран до крај и ќе добие правна разрешница.

Инцидентот се случил во живо, за време на емитување на емисијата „Тешки муабети“. По полициските постапки и извршениот увид, Митовски најави дека редовната програма на „Инфомакс“ ќе продолжи без прекин.

—————————————————————————————-

Уреднички став.

Насилството врз новинарите е удар врз последната линија на одбрана на демократијата. Апсолутно е неприфатливо, не само како физички чин, туку и како порака дека некој мисли дека со сила може да го замолчи човекот што информира, прашува и открива. Новинарите не се противници, туку служат како очи и уши на јавноста. Нападот врз нив е напад врз правото на граѓаните да знаат.

Секој упад, закана или физичко насилство врз новинар е директно загрозување на слободата на медиумите и обид да се создаде страв и самоцензура. Тоа е опасен преседан што ниту една демократска држава не смее да го толерира.

Државата, институциите и општеството мора јасно и недвосмислено да осудат вакви инциденти, а одговорните да бидат санкционирани. Новинарите мора да бидат заштитени, затоа што без слободни и безбедни медиуми, нема слободно општество

error: Содржината е заштитена од копирање !!