MKinformer

your daily dose of news

Мал авион се урна во Мавровското Езеро: Две лица биле во леталото, едно повредено

12/12/2025 17:07

Мал спортски авион се урнал во Мавровското Езеро, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во леталото се наоѓале две лица, при што едно од нив е повредено.

Како што соопштуваат од ЦУК, настанот бил пријавен преку единствениот број за итни случаи 112, по што информацијата веднаш била проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи, со цел брза и координирана интервенција.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, потврди дека станува збор за авион од типот Piper, со регистрациска ознака N5005W, кој превезувал двајца државјани на Косово.

Во несреќата едно лице се здобило со повреди, додека спасувачките и медицинските екипи и натаму се ангажирани на терен и работат на целосно расчистување на настанот.

Засега не се познати причините за падот на авионот, а повеќе информации се очекуваат по завршување на интервенцијата и увидот од надлежните служби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!