MKinformer

your daily dose of news

Разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски утре пред пратениците?

15/12/2025 13:37

На утрешната пленарна седница на Собранието се очекува да биде разгледан предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, информираше претседателот на парламентот, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Како што појасни Гаши, поканата до Коцевски сè уште не е официјално доставена, но се очекува тоа да се случи во текот на денот, доколку точката формално се најде на дневниот ред.

Претседателот на Собранието најави дека до крајот на декември ќе се одржат вкупно четири пленарни седници. На 23 декември, пред пратениците годишно обраќање ќе има претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, додека на 25 декември е планирана седница за пратенички прашања.

Гаши информираше и дека во наредниот период се очекува усвојување на два значајни закони од Реформската агенда, и тоа Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет. За останатите законски решенија, како што рече, се чека тие формално да бидат доставени до Собранието.

error: Содржината е заштитена од копирање !!