MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес од 3,1 степени почувствуван утрово во Македонија

15/12/2025 9:38

Утрово во 07:20 часот е регистриран земјотрес кој беше почувствуван на територијата на Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот имал јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил лоциран на околу 35 километри од Приштина, во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија. Засега нема информации за материјални штети или повредени лица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!