MKinformer

your daily dose of news

Стабилно и тивко време до понеделник, од вторник локални врнежи од дожд

17/12/2025 14:50

Во наредните денови во земјава ќе преовладува стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). До понеделник се очекуваат појава на магла и зголемена ниска облачност во одделни региони, особено во котлините.

Промена на временските услови се најавува за вторник, кога на повеќе места ќе има локални врнежи од дожд.

Според прогнозата, утре утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени Целзиусови, додека дневните максимални ќе достигнат вредности меѓу 6 и 13 степени.

Во Скопје се очекува студено утро со минимална температура до -4 степени, а дневната температура ќе се искачи до околу 6 степени Целзиусови.

Метеоролозите апелираат на внимателност во утринските часови поради можна појава на магла и намалена видливост, особено во сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!