MKinformer

your daily dose of news

ДКСК: Прекршочни постапки за 54 новоизбрани градоначалници

17/12/2025 14:24

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека вкупно 54 градоначалници, од кои 35 поранешни и 19 новоизбрани, не ја исполниле законската обврска за доставување изјава за имотна состојба и интереси.

Од Комисијата појаснуваат дека согласно член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сите градоначалници избрани на Локалните избори 2025 година се должни најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Дополнително, член 82 став 3 од истиот закон предвидува дека и по престанокот на функцијата, поранешните градоначалници имаат иста обврска.

По извршената проверка во регистерот на имотна состојба и интереси, ДКСК констатирала дека 35 лица по завршување на мандатот не доставиле изјава, додека 19 новоизбрани градоначалници сè уште не ја пријавиле својата имотна состојба. За сите нив, Комисијата најавува иницирање постапки согласно закон, со издавање прекршочни платни налози.

Од ДКСК информираат дека и во наредниот период ќе ја следат состојбата, а за оние функционери кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска, ќе бидат покренати дополнителни постапки за проверка на нивната имотна состојба и можен судир на интереси.

error: Содржината е заштитена од копирање !!