Кој ќе го замени Љупчо Коцевски? Овие имиња се на маса на денешната седница на Советот на јавни обвинители
18/12/2025 10:29
Советот на јавни обвинители денеска во 11 часот ќе одржи седница на која треба да биде определен вршител на должноста државен јавен обвинител. Процедурата следува откако во вторникот Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка, а Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговиот мандат.
Според член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, в.д. јавен обвинител се назначува од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Лицето што ќе биде избрано ќе ја извршува функцијата до избор на нов државен обвинител, но најдолго шест месеци.
Во Јавното обвинителство на РСМ во моментов работат следниве обвинители: Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски. Некој од нив денеска ќе ја преземе водечката функција во обвинителството.




![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)
