MKinformer

your daily dose of news

Истекува рокот за кандидатури за државен јавен обвинител: Пристигнале четири пријави

26/01/2026 16:26

Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за нов државен јавен обвинител, а според информации од Собрание на Република Македонија, досега пристигнале четири кандидатури, чии имиња официјално сè уште не се објавени.

Потврда дека доставиле кандидатури има од Ненад Савески и јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, додека како можен кандидат во јавноста се споменува и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Според законската процедура, кандидатот за државен јавен обвинител мора да има најмалку 10 години работно искуство. Сите пријавени ќе бидат оценети од Совет на јавни обвинители, кој потоа ќе достави листа на кандидати до Владата. Владата ќе избере еден кандидат и ќе го достави предлогот до Собранието на гласање.

Новиот државен јавен обвинител ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка истиот ден кога во Собранието требаше да се отвори расправа за негово разрешување. Коцевски тврдеше дека постапката против него била политички мотивирана и без аргументи.

Коцевски ја извршуваше функцијата помалку од две години, откако беше избран на 13 февруари 2024 година. Во моментов, функцијата вршител на должност државен јавен обвинител ја извршува Анита Тополова Исајловска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!