MKinformer

your daily dose of news

ЈСП Скопје: Студентите неопходно е да го продолжат бесплатниот билет за јавен превоз за 2026 година

26/12/2025 11:48

Од ЈСП Скопје ги потсетуваат корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека е потребно навремено да извршат продолжување, односно заверка на билетот за 2026 година.

Постапката за продолжување започна на 25 декември 2025 година и се спроведува во сите центри за персонализација на ЈСП Скопје, при што е задолжително лично присуство на студентот.

За успешна заверка, студентите треба да приложат:

  • потврда за редовен студент, издадена од акредитирана високообразовна установа,

  • оригинален индекс со запишан зимски семестар,

  • лична карта на увид.

Од ЈСП информираат дека студентите – бруцоши запишани во академската 2025/2026 година немаат обврска за дополнителна заверка, бидејќи нивниот билет автоматски важи и за наредната календарска година.

ЈСП Скопје апелира студентите навремено да ја завршат постапката, со цел да избегнат проблеми при користењето на јавниот превоз во текот на 2026 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!