MKinformer

your daily dose of news

Важно известување од ЈСП: Заверка на старосни билети до 31 јануари

16/12/2025 12:03

ЈСП Скопје ги информира корисниците на билети за возрасни лица од старосната група над 62/64 години дека заверката на билетите за 2026 година може да се изврши во сите центри за персонализација, почнувајќи од 15 декември 2025 година.

Од ЈСП посочуваат дека заверката се врши исклучиво лично, од страна на корисникот на билетот, при што е задолжително да се приложи документ за лична идентификација.

Во објавата на социјалните мрежи, ЈСП Скопје апелира до граѓаните навремено да ја извршат заверката, нагласувајќи дека сите билети кои нема да бидат заверени заклучно со 31 јануари 2026 година, автоматски ќе бидат блокирани.

Граѓаните се повикуваат да ги посетат центрите за персонализација навремено, со цел да се избегнат дополнителни гужви и проблеми при користење на јавниот превоз.

error: Содржината е заштитена од копирање !!