MKinformer

your daily dose of news

Бојлер експлодирал во стан во Свети Николе, 49-годишен маж тешко повреден

28/12/2025 9:23

Вчера изутрина, околу 6:45 часот, електричен бојлер експлодирал во стан во Свети Николе, при што сериозно бил повреден 49-годишниот С.П., информира Министерство за внатрешни работи.

Според официјалните информации, повредениот живеел во станот заедно со своето семејство. По експлозијата, тој бил префрлен со возило на Итната медицинска помош во болница, каде што му била укажана соодветна лекарска нега.

Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, а увидна екипа извршила увид на местото на настанот со цел утврдување на точните причини за експлозијата. Засега нема информации за други повредени лица или за поголема материјална штета.

Надлежните институции апелираат на редовна проверка и одржување на електричните апарати, особено бојлерите, со цел спречување на вакви несреќи.

error: Содржината е заштитена од копирање !!