MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Силен ветер откорна дел од кров на зграда во центарот на Куманово, за среќа без повредени

28/12/2025 17:39

Силниот ветер што дува од утринава предизвика материјална штета во центарот на Куманово, откако откорна дел од кров на станбена зграда. Инцидентот се случил на една од најфреквентните локации во градот – на крстосницата на улицата Гоце Делчев и булеварот Трета македонска ударна бригада.

Откинатиот дел од кровот паднал на тротоарот, но за среќа во моментот немало минувачи и нема повредени лица. Причинета е исклучиво материјална штета.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен во 10:50 часот.

„Во 10.50 часот било пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Куманово паднал дел од кров од зграда. Повредени лица нема, а екипа од СВР Куманово е на терен и го регулира сообраќајот“, соопшти МВР.

Во расчистувањето на теренот интервенирале екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, како и припадници на противпожарната единица Куманово, со цел безбедно отстранување на остатоците и нормализирање на сообраќајот.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни поради силниот ветер и можноста од паѓање на предмети од згради.

error: Содржината е заштитена од копирање !!