Од март повисоки плати за наставниците: Зголемување од 7,5 до 10 проценти
29/12/2025 20:31
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на брифинг со новинарите најави дека наставниците во основното и средното образование од месец март ќе добијат повисоки плати.
Според најавите од Министерството, покачувањето ќе изнесува меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од пресметките и структурата на платата, со што, како што беше посочено, се прави значаен чекор кон подобрување на статусот на наставниот кадар.
„Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската комисија“, изјави Јаневска.
Министерката нагласи дека зголемувањето на платите е дел од пошироките реформи во образовниот систем, чија цел е подигнување на квалитетот на наставата, мотивацијата и професионалниот развој на наставниците. Според неа, кариерниот модел и системот на напредување ќе создадат дополнителен стимул за подобри резултати во образованието.





