MKinformer

your daily dose of news

Покачување на платите за наставниците: Мартовската плата повисока за 7,5 проценти

30/01/2026 17:05

Платите на наставниците во државата ќе бидат зголемени, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, посочувајќи дека покачувањето е согласно четиригодишниот договор со СОНК.

„Така како што сме се договориле, наставниците ќе добиваат зголемување на платата во сите четири години. Мартовската плата, која се исплаќа во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти“, изјави Јаневска.

Покрај зголемувањето на платите, министерката информираше дека од понеделник на ЕНЕР ќе бидат објавени три клучни законски решенија. Овие закони имаат за цел темелна трансформација на високото образование и научноистражувачката дејност во државата.

Според најавите, законските измени ќе придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование, зајакнување на научната дејност и усогласување со европските стандарди, што е еден од приоритетите на Министерство за образование и наука.

Со овие мерки, Владата има за цел да ја подобри материјалната положба на наставниот кадар и истовремено да создаде посовремен и поконкурентен образовен систем.

error: Содржината е заштитена од копирање !!