Собранието на распуст до 12 јануари, пратениците на празничен одмор!
31/12/2025 15:30
Собранието на Република Македонија е на распуст до 12 јануари, согласно официјалниот собраниски календар. Во овој период не се закажани пленарни седници, ниту седници на работните тела и собраниските комисии.
Со распустот, законодавните активности привремено се ставени во мирување, што значи дека пратениците нема да расправаат по законски предлози, извештаи и други точки од дневниот ред.
Редовната работа на Собрание на Република Македонија се очекува да продолжи по 12 јануари, кога повторно ќе се отворат повеќе прашања од политичката и законодавната агенда, вклучително и теми поврзани со реформските процеси и актуелните општествени предизвици.





