MKinformer

your daily dose of news

Хуман гест: ЈП Лајка спаси куче од Серава

06/01/2026 19:51

По дојава од загрижени граѓани, екипа на ЈП „Лајка“ успешно спаси куче кое цели три дена било заглавено во коритото на реката Серава, во скопската општина Бутел.

На терен веднаш реагирале вработените Јелена и Маца, кои со брза и посветена интервенција успеале безбедно да го извадат кучето од реката и да го спасат од сигурна смрт. Во акцијата значајна помош дал и Љупчо Арсовски, кој активно се вклучил во спасувањето.

Кучето, кое видно било исцрпено, е преземено од ЈП „Лајка“ и е на пат кон нивното прифатилиште, каде ќе му биде укажана соодветна ветеринарна нега и грижа.

Од ЈП „Лајка“ упатија голема благодарност до сите граѓани кои пријавиле и помогнале во навремената реакција, потенцирајќи дека ваквите дојави се клучни за спасување на животните во ризик.

Хуманоста, солидарноста и професионалноста уште еднаш покажаа дека заедничката грижа може да направи разлика, а за ова куче, Јелена и Маца засекогаш ќе останат вистински божиќни херои.

Се вели во објавата на ЈП „ЛАЈКА“, на Фејсбук

error: Содржината е заштитена од копирање !!