MKinformer

your daily dose of news

Почина жената прегазена кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, возачот во бегство

09/01/2026 19:10

Почина 75-годишната жена која утринава беше прегазена во близина на трговскиот центар „Зебра“ во Скопје, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Според првичните информации од полицијата, возачот кој ја удрил пешачката се движел со голема брзина и по сообраќајната несреќа избегал од местото на настанот. МВР интензивно трага по возилото и сторителот.

Несреќата се случила на дел од улицата каде што нема обележан пешачки премин. На локацијата се пронајдени делови од возилото, што, според надлежните, ќе послужат во истрагата за идентификација на автомобилот и возачот.

Од МВР апелираат до сите кои имаат информации или евентуални снимки од настанот да ги достават до најблиската полициска станица, со цел побрзо расветлување на случајот.

One thought on “Почина жената прегазена кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, возачот во бегство

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!