MKinformer

your daily dose of news

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишник осомничен за смртна сообраќајка во Капиштец

12/01/2026 21:03

Министерство за внатрешни работи вечерва објави потерница по 18-годишниот Саитов Саит, осомничен дека со автомобил прегазил пешак во скопската населба Капиштец, по што избегал од местото на несреќата и ја напуштил државата преку Табановце.

Саитов Саит е роден на 6 април 2007 година во Скопје и се бара по централна и меѓународна потерница, распишана по барање на Основно јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за кривично дело „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

Почина жената прегазена кај ТЦ „Зебра“ во Скопје, возачот во бегство

Обвинителството отвори истражна постапка и за неукажување помош по сообраќајната несреќа со смртни последици што се случи на 9 јануари на улицата „Народен фронт“. Според истрагата, осомничениот управувал автомобил „Фолксваген пасат“ без да поседува важечка возачка дозвола. Движејќи се со неприспособена брзина, извршил непрописно поместување во левата сообраќајна лента и удрил во пешакот Љуба Јаковлеска.

Наместо да запре и да укаже помош, осомничениот веднаш избегал од местото на настанот. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна им подлегнала на тешките повреди.

Од Обвинителството информираат дека во бегството на осомничениот му помогнале уште две лица, маж и жена, кои со свое возило го пренеле преку граничниот премин Табановце. По нивното враќање во земјава тие биле уапсени, а јавниот обвинител предложил мерка притвор до судија на претходна постапка.

Распишана потерница: Возачот кој прегази жена во Капиштец избегал од државата со татко му

Полицијата соопшти дека продолжува со активни мерки за лоцирање и приведување на осомничениот.

One thought on “МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишник осомничен за смртна сообраќајка во Капиштец

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!