Трамп објави листа за мигранти: Македонија наведена без „С“
11/01/2026 9:52
Американскиот претседател Доналд Трамп објави табела со податоци за тоа колкав процент од мигрантските домаќинства во Соединети Американски Држави се корисници на државна социјална помош, при што меѓу наведените земји се појавува и Република Македонија – без употреба на силуваната придавката на „С“.
Информацијата ја објави порталот Офнет, кој укажува дека во табелата, презентирана од Трамп, Македонија е запишана со своето уставно име, што предизвика дополнително внимание во јавноста.
Според податоците, на врвот на листата се наоѓаат Бутан, Јемен и Сомалија, каде што меѓу 70 и 80 проценти од мигрантските домаќинства добиваат државна помош. За Македонија, на списокот е наведено дека 33 проценти од мигрантските домаќинства се на товар на американскиот социјален систем.
„Ако не верувате, видете самите. Каде и да е, ќе се јават Грците, па Бугарите и слично. Или, пак, за да не им врати, ќе си премолчат“, пишува Офнет, објавувајќи ја и самата табела.

Објавата доаѓа во контекст на заострената реторика на Трамп околу миграцијата и социјалната помош, при што тој често истакнува дека американските даночни обврзници не треба да го носат товарот на, како што вели, „неодговорни миграциски политики“.
Името под кое е наведена Македонија дополнително ја отвори дебатата за меѓународната употреба на државното име, особено кога станува збор за официјални или полуофицијални документи и изјави од највисоките американски институции, како што би рекол нашиот македонски народ „Она што е природно, полесно се употребува, од неприродно натакнатото“.






